52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021
52-то издание на Традиционалниот Меѓународен Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2021 повторно на календарот на Светската кајак федерација ИЦФ. Оваа година натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена и тоа Сабота 10-ти (Квалификации) и Недела 11-ти Април 2021 година (Полуфинални и финални натпревари).
Покана / Програма за натпреварот
Извадок од календарот можете да ги најдете на следниот линк
ПРЕДЛОГ – Ранг Листа на рангирани спортски клубови за Ваучер 2021
КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДЛОГ – Листа на рангирани спорстки клубови за Ваучер 2021 |
|||
Реден број | Спортски клуб | ЕДБ на спортскиот клуб | Бодови |
1 | Кајакарски Кану Клуб Арка Борец – Велес | 4021008506665 | 225 |
2 | Кајак Кану Клуб Радика – Дебар | 4008004103187 | 215 |
3 | Кајак Кану Клуб Илинден ’90 – Скопје | 4030991225413 | 195 |
4 | Кајак Кану Клуб Дрим – Струга | 4026996111699 | 150 |
5 | Кајакарски Клуб Вила Зора – Велес | 4004996101703 | 150 |
6 | Кајакарски Кану Клуб Вардар – Велес | 4004997108175 | 145 |
7 | Кајак Кану Клуб Стрмец – Охрид | 4020999123070 | 145 |
8 | Кајакарски Кану Клуб Просек – Демир Kапија | 4047018500923 | 85 |
9 | Кајак Клуб Бабуна – Велес | 4004013510563 | 60 |
10 | Кајак Кану Клуб Гемиџии 903 – Велес | 4004008501866 | 40 |
ПРЕДЛОГ – Ранг Листа на рангирани активни спортисти за Ваучер 2021
КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДЛОГ – Листа на рангирани активни спортисти за Ваучер 2021 |
|||
---|---|---|---|
Реден број | Активен спортист | ЕМБГ на активниот спортист | Бодови |
1 | Љубомир Спасиќ | 80 | |
2 | Александар Златаров | 80 | |
3 | Ангел Петрушев | 80 | |
4 | Енис Небиовски | 75 | |
5 | Владимир Малески | 65 | |
6 | Никола Малески | 65 | |
7 | Огнен Бражански | 65 | |
8 | Константин Дејкоски | 30 | |
9 | Дона Маркоски | 26 | |
10 | Атанасиј Аслимоски | 26 | |
11 | Виктор Маркоски | 26 | |
12 | Мартин Левески | 26 | |
13 | Борче Мирчевски | 23 | |
14 | Христијан Игнатов | 23 | |
15 | Михаела Бабче | 21 | |
16 | Алексеј Чакарески | 20 | |
17 | Андрес Мануел Реад Петкоски | 20 | |
18 | Марко Ложанкоски | 20 | |
19 | Петар Чакарески | 20 | |
20 | Софија Будоска | 16 |
Протокол за организација на Спортски натпревари во кајак на диви и мирни води
Протокол за организација на Спортски натпревари во
кајак на диви води (дисциплина слалом и дисциплина спуст) и спринт мирна вода
Одложено: 52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2020
Почитувани,
Во името на Кајакарската Федерација на Македонија како одговорни за техничката организација на 1то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт коешто беше планиарно да се оддржи во првата недела на Април (04 – 05 Април), заедно со Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” , би сакале да Ве информираме за следново:
– Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид-19 (Corona) вирусот во светот, на 18.03.2020, Претседателот на Република Македонија прогласи вонредна состојба на целата територија на Република Македонија.
Кајакарската Федерација на Македонија како одговорна Федерација во целиот изминат период ги следеше препораките од сите државни институции поврзани со состојбата во државата , и по донесувањето на Одлуката за воведување на вонредна состојба во нашата држава превзема чекори за одложување на планираните натпревари. Од страна на Федерацијата контактирани се Европската и Светската Кајак Федерација при што споделена е моменталната состојба во нашата држава.Воедно споделена е информацијата дека како организатори сме спремни предвидените натпревари доколку постојат реални услови да бидат оддржани во месец Септември и тоа со следниот распоред:
– Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” потврдена и прифатена е дата на 19-20 Септември 2020.
– 1-то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт / предложена е датата 18 Септември 2020 година , а во сорабoтката со Европската Кајак Асоцијација датата за оддржување ќе биде потврдена дополнително по ревидирањето на комплетниот Европски календар во спуст-спринт За што дополнително ќе споделиме информации до Вас.
Во името на Кајакарската Федерација на Македонија, Ви посочуваме да ги следите превземените мерки од нашата Влада , со цел спортот побрзо да се врати на спортските терени.