Данубиа Куп 2017

🇲🇰🇲🇰🇲🇰

На 24 и 25 Јуни на познатата кајакарска патека во Братислава – Чуново во Словачка се оддржа Светскиот Куп за млади кајакари YOUNG DANUBIA CUP 2017 во категориите U14, U16, U18, U23 години.

Нашиот натпреварувач Ангелче Ане Петрушевски го освои Првото место  во категорија К1-до 14 години во конкуренција од 200 натпреварувачи од цел свет!

На овој натпревар Кајакарската Федерација на Македонија беше претставувана од неколкумина млади натпреварувачи коишто во иднина ќе бидат дел од новата генерација на натпреварувачи коишто ќе ја претставуваат нашата држава на сите меѓународни натпревари во Сениорска конкуренција.

Честитки до нашиот млад кајакар и му посакуваме уште многу успеси и освоени победи!

Следен натпревар на нашите натпреварувачи е ECA Junior Canoe Slalom Cup кои ќе се оддржи на 27 и 28 Јуни во Флатах, Aвстрија.