ЕКА Јуниорски куп Флатах Австрија

Заврши полуфиналното возење на првиот ден од ЕКА Јуниорскиот куп во Флатах – Австрија.

Во категоријата К1 мажи до 14 години после квалификациските возења во полуфиналниот натпревар се пласираа 32 натпреварувачи.  Во полуфиналниот натпревар повторно нашиот натпреварувач Ангелче Петрушевски кои пред само два дена во Братислава заврши на првата позција се истакна и на овој натпревар. Овој пат во полуфиналното возење повторно се пласираше на првото место.

Во очекување на финалниот натпревар му посакуваме среќа и повторно како пред два дена да  не израдува со првото место .

НАПРЕД АНГЕЛ !!!!!!