Изборни натпревари за Сениори и Сениори У23

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека за слалом и спринт, во текот на изминатите два дена се оддржаа Првиот и Вториот изборен натпревари за Сениорската репрезентација. Во двата дена доминираше натпреваарувачот од Кајак Кану клубот Вардар од Велес, Ангелче Петрушевски кои воедно е и еден од натпреварувачите кои е во делот на Програмата Млади спортски надежи поддржана од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изборните натпревари беа најава за следниот викенд кога Спортско рекреативниот центар Матка по 51 пат ќе биде домаќин на Традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2019.

Резултати од изборните натпревари >>