ИКАС 2017

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека и годинва по 49ти пат ќе се одржи меѓународната спортската манифестација Илинденски кајак слалом ИКАС (8ми и 9ти април) 2017 , кој повторно ќе биде центарот на кајакарската елита.Во склоп на ИКАС не само што е предвиден 10 дневен камп за талентирани млади спортисти кој ќе започне 10тина дена непосредно пред ИКАС ,туку ќе се одржи и Европски куп во спуст 1ви -2ри Април.
Отварањето на манифестацијата е закажано на 07 април, а натпреварите започнуваат на 08 април тоа се квалификациските возења за сите категории, а во недела 09 април се полуфиналните и финалните возења