ИКАС 2018

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, годинава ќе се оддржи Јубилејниот  50-ти  Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС. Датата за натппреварите е закажана во Сабота  7-ми и Недела 8-ми април 2018.Спортско рекреативниот центар Матка во периодот од 01 Април до 08 Април повторно ќе биде центарот на кајакарската елита. Во склоп на оваа манифестација како и во изминативе 4 години исто така и годинава  е предвиден 10 дневен камп за талентирани млади спортисти кој ќе започне 10 тина дена непосредно пред самиот натпревар.

Воедно на наше големо задоволство би сакале да информираме дека во овие два дена покрај овој Јубилејен 50-ти ИКАС ,  Европската кајакарска Асоцијација ги препозна напорите и желбата за организација на големи натпревари па донесе одлука и оваа година во овој термин заедно со слалом натпреварот се одржи првото коло од Европскиот куп во Спуст ( дисциплина спринт).

Програма >>