Проект “Сите во кајак”
Започнува проектот Сите во кајак
Во организација на Кајакарската федерација на Македонија и Кајак клубот Илинден, денес започнува проектот „Сите во кајак“ со кој ќе бидат опфатени сите граѓани на Македонија кои ќе покажат интерес и желба да возат кајак. Проектот кореспондира со Националната стратегија за развој на спортот во Македонија и ќе се спроведува низ цела држава при што ќе биде опфатена популација од најразлични возрасти.
Поддршка на проектот „Сите во кајак“ даде и четирикратниот македонски олимпиец Лазе Поповски кои ќе биде вклучен во сите активности заедно со останатите тренери вклучени во проектот „Сите во кајак“ – Атанас Николовски, Стефан Андреев и Дамјан Колевски.
Заинтересираните за учество во овие активности може да се пријават преку апликацијата поставена на следната веб страна www.sitevokajak.mk.
Учеството за сите е бесплатно.