Промоција

На промотивната прес конференција оддржана на ден 28.03.2017 со почеток во 11 часот во Скопје City Mall , Кајакарската федерација на Македонија ги најави претстојните настани.

Започнувајќи од овој викенд нашата држава ќе биде домаќин на Европски куп во спуст, а седум дена подоцна односно на 08-09 Април ќе се оддржи и 49-тиот Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2017 година. Оваа манифестација е една од најстарите традиционални настани во Македонскиот спорт кој 49 години без прекин се одржува на кајакарската патека на Матка почнувајќи од далечната 1968 година.

По овие два настана следува и Европското Првенство за сениори во дисциплината спуст кое ќе се одржува од 11-14 мај во Скопје, како и Илинденската регата на мирна вода во август во Охрид.

На промотивната прес конференција се произнесе и директорот на Агенција за млади и Спорт Г-дин Марјан Спасески кој ја нагласи финансиската подршка којашто ја дава Агенцијата за млади и спорт во континуитет со цел успешна организација натпреварите во кајак.

Од страна на раководител на секторот спорт во Град Скопје г-динот. Зоран Шишковски, беше истакната поддршката што градските власти ја даваат на овој спорт. Тој ги спомна и јавните претпријатија во градот кои даваат поддршка и се вклучени во организацијата на престојните настани.

Линкови до медии