Monthly Archives: мај 2016

Проект “Сите во кајак”

Site_vo_kajak

Започнува проектот Сите во кајак

Во организација на Кајакарската федерација на Македонија и Кајак клубот Илинден, денес започнува проектот „Сите во кајак“ со кој ќе бидат опфатени сите граѓани на Македонија кои ќе покажат интерес и желба да возат кајак. Проектот кореспондира со Националната стратегија за развој на спортот во Македонија и ќе се спроведува низ цела држава при што ќе биде опфатена популација од најразлични возрасти.

Поддршка на  проектот „Сите во кајак“ даде и четирикратниот македонски олимпиец Лазе Поповски кои ќе биде вклучен во сите активности заедно со останатите тренери вклучени во проектот „Сите во кајак“  – Site_vo_kajak1Атанас Николовски, Стефан Андреев и Дамјан Колевски.

Заинтересираните за учество во овие активности може да се пријават преку апликацијата поставена на следната веб страна  www.sitevokajak.mk.

Учеството за сите е бесплатно.

 

Европско првенство за Сениори

AtanasКајакарската Слалом патека во Липтовски Микулаш веќе се подготвува за почетокот на Европското првенство во кајак слалом што ќе започне денес 12 мај со свеченото отварање. Квалификациските натпревари ќе се одржат во петок 13 мај додека полуфиналните и финалните натпревари ќе бидат во сабота 14 мај. На ова европско првенство се пријавени 230 натпреварувачи од 30 европски земји. Оваа година европското првненство во Липтовски Микулаш има голема важност за сите учесници кој не само што ќе се борат за европска титула туку и за остварување норма за престојните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро,бидејќи ова ЕП претставува квалификации за ОИ.Оние земји меѓу кои и Македонија кој не упспеале да изборат норма за ОИ утре и задутре ќе ја имаат последната шанса.Задачата не е лесна, претставниците од повеќето европски земји кој важат за веле сили во кајак слаломот ќе му бидат конкуренција на нашиот репрезентативец Атанас Николовски кој е единствениот наш претстваник кој избори норма за учевство на ова ЕП.
Атанас Николовски веќе две недели се подготвува на кајакарската патека во Липтовски Микулаш , со неговиот тренер Огнен Бражански , и според неофицијалните стартни листи неговото прво квалификациско возење ќе биде утре во 10:50

СРЕЌНО!

Европски куп во спринт финале

LjupceЗавши финалниот натпревар во Европски купови во Аугсбург Германија на кој настапи нашиот репрезентативец Љубомир Спасиќ кој во првото возење се најде на 39-тата позиција додека во воторото возење заврши на 29-тото место од вкупно 60 натпреварувачи .
Со овој финален настап нашиот репрезентативец Спасиќ се искачи на 4-тата позиција во генерален пласман на европската сцена во дисциплината спуст на дива вода .
ЧЕСТИТКИ!

Последно коло од Европскиот куп во спринт

ljupce1Македонскиот репрезентативец во кајак спуст на дива вода Љубомир Спасиќ денеска настапи на интернационалниот натпревар кој се бодува за светската ранг листа кој се одржа во Аугсбург Германија.
Во конкуренција од 47 натпреварувачи од Германија, Босна и Херцеговина , Словенија, Холандија, Швајцарија, Австрија,Аустралија и Франција ,Спасиќ се најде на 30тата позиција.
Утре Спасиќ ќе настапи на финалето на ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ во спуст на дива вода, каде очекува успешен настап и одличен пласман.
СРЕЌНО!