Monthly Archives: јуни 2017

ЕКА Јуниорски куп Флатах Австрија-финално возење

Заврши Финалното возење на првиот ден од ЕКА Јуниорскиот куп во Флатах – Австрија.

Во финалното возење од првиот ден на ЕКА Јуниорскиот куп Ангелче Петрушевски го завзема второто (2) место.

Во полуфиналниот натпревар Ангелче го имаше завземно првото место.

Честитки до  АНГЕЛ !!!!!!

ЕКА Јуниорски куп Флатах Австрија

Заврши полуфиналното возење на првиот ден од ЕКА Јуниорскиот куп во Флатах – Австрија.

Во категоријата К1 мажи до 14 години после квалификациските возења во полуфиналниот натпревар се пласираа 32 натпреварувачи.  Во полуфиналниот натпревар повторно нашиот натпреварувач Ангелче Петрушевски кои пред само два дена во Братислава заврши на првата позција се истакна и на овој натпревар. Овој пат во полуфиналното возење повторно се пласираше на првото место.

Во очекување на финалниот натпревар му посакуваме среќа и повторно како пред два дена да  не израдува со првото место .

НАПРЕД АНГЕЛ !!!!!!

Данубиа Куп 2017

🇲🇰🇲🇰🇲🇰

На 24 и 25 Јуни на познатата кајакарска патека во Братислава – Чуново во Словачка се оддржа Светскиот Куп за млади кајакари YOUNG DANUBIA CUP 2017 во категориите U14, U16, U18, U23 години.

Нашиот натпреварувач Ангелче Ане Петрушевски го освои Првото место  во категорија К1-до 14 години во конкуренција од 200 натпреварувачи од цел свет!

На овој натпревар Кајакарската Федерација на Македонија беше претставувана од неколкумина млади натпреварувачи коишто во иднина ќе бидат дел од новата генерација на натпреварувачи коишто ќе ја претставуваат нашата држава на сите меѓународни натпревари во Сениорска конкуренција.

Честитки до нашиот млад кајакар и му посакуваме уште многу успеси и освоени победи!

Следен натпревар на нашите натпреварувачи е ECA Junior Canoe Slalom Cup кои ќе се оддржи на 27 и 28 Јуни во Флатах, Aвстрија.