Monthly Archives: јули 2018

Светско првенство за Јуниори во слалом – Ивреа Италија

Нашиот натпреварувач Небиовски Енис на Светското првенство за јуниори и сениори до 23 години, кое се одржува во Ивреа Италија, после првото возење со пласман на 30- тото место, обезбеди директен пласман во полуфиналните возења кои ќе се одржат во недела. Небиовски во категоријата јуниори каде од вкупно 83 натпреварувачи со одлично возење го завзема 30-тото место, иако имаше 4 казнени секунди тој беше доволно брз да го обезбеди пласманот во полуфиналето уште во првото возење. Полуфиналните возења се возат во недела каде 40 натпреварувачи во неговата категорија ќе се борат за пласман во финалето каде ќе настапат само најдобрите 10 натпреварувачи. Земајќи во предвид дека имаше 4 казнени секунди односно допир на две капии тој во квалификациите ќе го завземеше 17 место. Информациите од нашиот тим водачот на екипата Димче Стефановски и тренерот Атанас Николовски не информираа дека во овој момент мислат на финалето а ние им посакуваме во овие неколку дена пауза да се одморат и во недела очекуваме финале. Резултатите од денешните возења можете да ги најдете на овој линк:

8 коло од ЕКА куп за јуниори Солкан – Словенија

Повторно успех на нашиот натпреварувач Ангел Петрушев од ККК.Вардар – Велес кој во текот на денешниот ден ја покажа својата големина и со тоа докажа дека Македонија има иднина во овој спорт. За потенцирање е дека Ангел после првото возење беше 4-то пласиран со вкупно време од 94.44 секунди и 8 казнети поени. Неговиот заостаток од полуфиналното возење од 1.74 секунди зад 1-во пласираниот Габриеле Гриманди од Италија не влијаеше на него па во финалното возење смогна сили , без да потклекне под притисок на својот конкурент извозе одлично финално возење при што го подобри своето време за цели 10 секунди и со време од 84.30 секунди повторно се закити со златниот медал оставајќи ги зад себе своите конкуренти  Габриеле Гриманди од Италија со 0.34 секунди кој заврши како второпласиран и Паул Преисел од Автсрија со 2.99 секунди кои заврши како трето пласиран.

Во истата категорија У14  младиот и надежен натпреварувач Коце Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес заврши на 63 место.

Во категоријата У18 далеку подобри настапи во однос на вчерашното 7-коло имаа Енис Небиовски од ККК.Вардар – Велес кои во финалното возење се пласираше на 11-то место со време  од 87.42 секунди и 2 казнети поени,  Христијан Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес со пласман на 13-то место во финалното возење и време од 87.65 без казнети поени како и Никола Димов од Кајак Клуб Бабуна – Велес кои заврши на 23-то место во финалното возење со време 95.93 секунди и 2 казнети поени.

7 коло од ЕКА куп за јуниори Солкан – Словенија

Огромен успех на нашиот натпреварувач Ангел Петрушев од ККК.Вардар – Велес кој во денешното финално возење во Солкан -Словенија на  7-то коло од Јуниорскиот европски куп во категорија У14, го освои првото место .Со овој успех нашиот млад натпреварувач потврди дека е во одлична форма. Тој во квалификациите беше прво пласиран со 8 секунди пред вториот натпреварувач, а во финалното возење со казнетиот поен и 2 сек на неговото време заврши како првопласиран со време од 111.98 секунди и со само 0,67 стотинки пред чешкиот натпреварувач Цапалини и Австриецот Преисел.
Уште еднаш огромно Честитки за нашиот Ангел.

Нашите останати натпреварувачи во истата категорија У14 Коце Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес заврши на 53 место, во категоријата У18 Енис Небиовски од ККК.Вардар – Велес во финалното возење се пласираше на 15-то место со време  од 107.74 секунди. Во категоријата У18 свој настап имаа и Никола Димов од Кајак Клуб Бабуна – Велес  кои заврши со пласман на 34 место и Христијан Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес со пласман на 42 место и не успеаа да се пласират во финалните возења.

Во текот на утрешниот ден нашите млади кајакари на истата патека но со променет изглед ќе го имаат својот настап на 8-то коло од Јуниорскиот Европски куп.

Им посакуваме среќа во утрешните натпревари .