Monthly Archives: март 2019

Изборни натпревари за Сениори и Сениори У23

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека за слалом и спринт, во текот на изминатите два дена се оддржаа Првиот и Вториот изборен натпревари за Сениорската репрезентација. Во двата дена доминираше натпреваарувачот од Кајак Кану клубот Вардар од Велес, Ангелче Петрушевски кои воедно е и еден од натпреварувачите кои е во делот на Програмата Млади спортски надежи поддржана од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изборните натпревари беа најава за следниот викенд кога Спортско рекреативниот центар Матка по 51 пат ќе биде домаќин на Традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2019.

Резултати од изборните натпревари >>

 

ИКАС 2019

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, годинава ќе се оддржи Јубилејниот  51-ви  Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС. Датата за натппреварите е закажана во Сабота  6-ти и Недела 7-ми април 2019.Спортско рекреативниот центар Матка во периодот од 01 Април до 08 Април повторно ќе биде центарот на кајакарската елита. Во склоп на оваа манифестација како и во изминативе 5 години исто така и годинава  е предвиден камп за талентирани млади спортисти кој ќе започне 10 тина дена непосредно пред самиот натпревар.

Воедно на наше големо задоволство би сакале да информираме дека во овие два дена покрај овој Јубилејен 51-ви ИКАС ,  Европската кајакарска Асоцијација ги препозна напорите и желбата за организација на големи натпревари па донесе одлука и оваа година во овој термин заедно со слалом натпреварот се одржи првото коло од Европскиот куп во Спуст ( дисциплина спринт).

Програма >>