Monthly Archives: април 2019

ИКАС 2019

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, во текот на овие два дена се одржува 51-вото издание на  Меѓународниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2019.

Во квалификационите возења кои беа на програмата денес доминираа нашите натпреварувачи Борче Мирчевски кои го завзема првото место и Ангелче Петрушевски кои го завзема второто место во категоријата К1 мажи.

Воедно во текот на денешниот ден се оддржа и првото коло од ЕКА купот во спринт на коешто најдобро пласирани беа натпреварувачите од Србија. Нашиот најдобар натпреварувач Љубомир Спасиќ го завзема 6-тото место со заостаток од 0.61 стотинка зад првопласираниот Биљич Сретен во категоријата К1 мажи.

Во текот на утрешниот ден ќе се оддржат полуфиналните возења со почеток во 11.30 часот , а финалните возења се закажани за 13.00 часот.

Комплетните резултати од натпреварите можете да ги најдете на следниот линк >>.

Резултати во живо

Стартна листа за полуфинални натпревари