Monthly Archives: март 2020

Одложено: 52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2020

                                                                 Почитувани,
Во името на Кајакарската Федерација на Македонија како одговорни за техничката организација на 1то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт коешто беше планиарно да се оддржи во првата недела на Април (04 – 05 Април), заедно со Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” , би сакале да Ве информираме за следново:
– Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид-19 (Corona) вирусот во светот, на 18.03.2020, Претседателот на Република Македонија прогласи вонредна состојба на целата територија на Република Македонија.

Кајакарската Федерација на Македонија како одговорна Федерација во целиот изминат период ги следеше препораките од сите државни институции поврзани со состојбата во државата , и по донесувањето на Одлуката за воведување на вонредна состојба во нашата држава превзема чекори за одложување на планираните натпревари. Од страна на Федерацијата контактирани се Европската и Светската Кајак Федерација при што споделена е моменталната состојба во нашата држава.Воедно споделена е информацијата дека како организатори сме спремни предвидените натпревари доколку постојат реални услови да бидат оддржани во месец Септември и тоа со следниот распоред:

Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” потврдена и прифатена е дата на 19-20 Септември 2020.

1-то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт / предложена е датата 18 Септември 2020 година , а во сорабoтката со Европската Кајак Асоцијација датата за оддржување ќе биде потврдена дополнително по ревидирањето на комплетниот Европски календар во спуст-спринт За што дополнително ќе споделиме информации до Вас.

Во името на Кајакарската Федерација на Македонија, Ви посочуваме да ги следите превземените мерки од нашата Влада , со цел спортот побрзо да се врати на спортските терени. 

#BESAFE #STAYHOME