7 коло од ЕКА куп за јуниори Солкан – Словенија

Огромен успех на нашиот натпреварувач Ангел Петрушев од ККК.Вардар – Велес кој во денешното финално возење во Солкан -Словенија на  7-то коло од Јуниорскиот европски куп во категорија У14, го освои првото место .Со овој успех нашиот млад натпреварувач потврди дека е во одлична форма. Тој во квалификациите беше прво пласиран со 8 секунди пред вториот натпреварувач, а во финалното возење со казнетиот поен и 2 сек на неговото време заврши како првопласиран со време од 111.98 секунди и со само 0,67 стотинки пред чешкиот натпреварувач Цапалини и Австриецот Преисел.
Уште еднаш огромно Честитки за нашиот Ангел.

Нашите останати натпреварувачи во истата категорија У14 Коце Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес заврши на 53 место, во категоријата У18 Енис Небиовски од ККК.Вардар – Велес во финалното возење се пласираше на 15-то место со време  од 107.74 секунди. Во категоријата У18 свој настап имаа и Никола Димов од Кајак Клуб Бабуна – Велес  кои заврши со пласман на 34 место и Христијан Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес со пласман на 42 место и не успеаа да се пласират во финалните возења.

Во текот на утрешниот ден нашите млади кајакари на истата патека но со променет изглед ќе го имаат својот настап на 8-то коло од Јуниорскиот Европски куп.

Им посакуваме среќа во утрешните натпревари .