8 коло од ЕКА куп за јуниори Солкан – Словенија

Повторно успех на нашиот натпреварувач Ангел Петрушев од ККК.Вардар – Велес кој во текот на денешниот ден ја покажа својата големина и со тоа докажа дека Македонија има иднина во овој спорт. За потенцирање е дека Ангел после првото возење беше 4-то пласиран со вкупно време од 94.44 секунди и 8 казнети поени. Неговиот заостаток од полуфиналното возење од 1.74 секунди зад 1-во пласираниот Габриеле Гриманди од Италија не влијаеше на него па во финалното возење смогна сили , без да потклекне под притисок на својот конкурент извозе одлично финално возење при што го подобри своето време за цели 10 секунди и со време од 84.30 секунди повторно се закити со златниот медал оставајќи ги зад себе своите конкуренти  Габриеле Гриманди од Италија со 0.34 секунди кој заврши како второпласиран и Паул Преисел од Автсрија со 2.99 секунди кои заврши како трето пласиран.

Во истата категорија У14  младиот и надежен натпреварувач Коце Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес заврши на 63 место.

Во категоријата У18 далеку подобри настапи во однос на вчерашното 7-коло имаа Енис Небиовски од ККК.Вардар – Велес кои во финалното возење се пласираше на 11-то место со време  од 87.42 секунди и 2 казнети поени,  Христијан Игнатов од Кајак Клуб Бабуна – Велес со пласман на 13-то место во финалното возење и време од 87.65 без казнети поени како и Никола Димов од Кајак Клуб Бабуна – Велес кои заврши на 23-то место во финалното возење со време 95.93 секунди и 2 казнети поени.