Category Archives: Вести

Настапи на националните селекции во дисциплините слалом и спуст

Претстојниот викенд започнувајќи од 1-ви Јуни (Петок) па се до 3-ти јуни (Недела ), започнуваат првите возбудивања во оваа сезона. Во ист викенд на две различни локации Кајакарската Федерација на Македонија ќе биде преставувана од две репрезентации едната во дисциплината кајак слалом , а другата во дисциплината кајак спуст класик и кајак спринт.

Репрезентацијата во слалом предводена од водачот на екипата Роберт Папазов , заедно со нашите двајца натпреварувачи Борче Мирчевски и Енис Небиовски ќе настапат на Европското Првенство во кајак слалом на диви води за Сениори коешто се оддржува во Прага – Република Чешка.

Во изминатите неколку дена нашите најдобри натпреварувачи имаа можност подобро да се запознаат со патеката на којашто во Петок со почеток во 10.30 часот за кога се закажани квалификационите возења ќе имаат можност да ги одмерат силите со најдобрите кајакари од Европа.

 Резултатите од натпреварите може да ги следите во живо на следните линкови :

Линк за резултати во живо:  https://siwidata.com

Линк интернет видео: https://www.youtube.com/CanoeEurope

Во истиот период само на друга локација поточно во Муота – Швајцарија се оддржува Светското првенство во дисциплината спуст класик и спуст спринт за Сениори.  КФМ на Светското првенство ќе биде претставувана од страна на нашиот најдобар натпреварувач во диспциплината кајак спринт Љубомир Спасиќ. Исто како и репрезентацивтите од слаломот така и Спасиќ во изминатите 5 дена имаше можност подобро да се запознае со патеката. Иако официјална дисциплина на Спасиќ е кајак спринт , нашиот репрeзентативец се реши да настапи на 31 Мај и во дисциплината спуст класик, натпревар којшто ќе го искористи како свој последен тренинг пред настапот во неговата официјална дисцплина спринт којашто е закажана да се оддржи на 02 Јуни (Сабота) со почеток во 10.00 часот.

Резултатите од натпреварите може да ги следите во живо на следните линкови :

Линк до резултати :  http://www.wm-muota2018.ch

Линк за интернет видео: https://www.canoeicf.com

  Енис Небиовски                                Борче Мирчевски                          Љубомир Спасиќ

Ерасмус + проект “Kayaking health benefits – active childhood”

Во период од 26.04 до 29.04.2018 година во Загреб ќе се оддржи првиот од предивдените три кампови за млади спортски кајакари како дел од Еразмус + спорт проектот “Kayaking health benefits – active childhood“.  На првиот камп коишто ќе се оддржи во Заглреб – Република Хрватска , Кајакрската Федерација на Македонија ќе биде претставувана од страна на 7 млади кајакари од кајак слалом на диви води како и  7 млади кајакари од спринт – мирна вода.

Имплементацијата на овој проект е во партнерство со Кајакарскиот сојуз на Загреб – водечки партнер на проектот , Кајакарската Федерација на Словенија како и  Кајакарската Федерација на Македонија.

Тековната имплементација на проектот како и тековните активности можете да ги следите на Facebook профилот на проектот како и на web страната на проектот.

АМС – Средства за најдобри младински клубови

   Агенцијата за млади и спорт сподели информација дека освен Националните спортски федерации дополнително ќе ги финансира и најдобрите младински клубови.

Станува збор за возрасни категории од 14-20 години, а условот е тимовите да имаат остварени најдобри резултати изминатава година во системот на натпревари.

Финансирани клубови во Кајакарската федерација на Македонија за 2017 година се следните :

1. ККК. Вардар – Велес (слалом)

2. Кајак кану клуб Баубна – Велес (слалом)

1. ККК. Дрим – Струга (спринт)

2. ККК. Ехо – Охрид (спринт)

листата објавена од страна на Агенцојата за млади и спорт можете да ја превземете тука…

 

Светско сениорско првенство – Пау Франција

  Во периодот од 26.09 до 01.10.2017 година Сениорската репрезентација на Македонија во кајак слалом и спуст на диви води, ќе настапи на Светското првенство во кајак,  слалом, спуст и слалом крос во Пау-Франција. Репрезентацијата на Македонија е составена од : Александар Златар Златаров, Борче Мирчевски, Љубомир  Спасиќ, Енис Небиовски и Роберт Папазов – Водач како водач на екипата.  Во изминатите неколку денови нашите репрезентативци тренираа на патеката каде ќе се одвива светското првенство.

Им посакуваме среќа на нашите репрезентативци!    Линк за резултати во живо.

Светско првенство за Јуниор и Сениори до 23 год.

Кајакарската репрезентација на Македонија во состав: Христијан Игнатов , Енис Небивски и Виктор Миланов во категоријата К1 Мажи – Јуниори и  Александар Златаров во категоријата К1 Мажи – Сениори до 23 години во периодот од 17.07 – 23.07.2017 ќе настапи на “Светското првенство за Јуниори и Сениори до 23 години” коешто ќе се одржи во Братислава – Словачка. Во изминатите денови нашите репрезентативци имаа можност да одржат и неколку подготвителни тренинга на патеката пред започнувањето на ова големо натпреварување.

Нашите млади кајакари поред во поединечна конкуренција ќе ги одмерат силите со своите врсници од преку 25 земји во тимски возења.
Им посакуваме успешени натпревари на нашите репрезентативци !

Резултати и видео линк…..