Category Archives: Илинденски кајак слалом

Промоција

На промотивната прес конференција оддржана на ден 28.03.2017 со почеток во 11 часот во Скопје City Mall , Кајакарската федерација на Македонија ги најави претстојните настани.

Започнувајќи од овој викенд нашата држава ќе биде домаќин на Европски куп во спуст, а седум дена подоцна односно на 08-09 Април ќе се оддржи и 49-тиот Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2017 година. Оваа манифестација е една од најстарите традиционални настани во Македонскиот спорт кој 49 години без прекин се одржува на кајакарската патека на Матка почнувајќи од далечната 1968 година.

По овие два настана следува и Европското Првенство за сениори во дисциплината спуст кое ќе се одржува од 11-14 мај во Скопје, како и Илинденската регата на мирна вода во август во Охрид.

На промотивната прес конференција се произнесе и директорот на Агенција за млади и Спорт Г-дин Марјан Спасески кој ја нагласи финансиската подршка којашто ја дава Агенцијата за млади и спорт во континуитет со цел успешна организација натпреварите во кајак.

Од страна на раководител на секторот спорт во Град Скопје г-динот. Зоран Шишковски, беше истакната поддршката што градските власти ја даваат на овој спорт. Тој ги спомна и јавните претпријатија во градот кои даваат поддршка и се вклучени во организацијата на престојните настани.

Линкови до медии

 

49-ти Илинденски кајак слалом ИКАС 2017

 

 

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека и годинва по 49ти пат ќе се одржи меѓународната спортската манифестација Илинденски кајак слалом ИКАС (8ми и 9ти април) 2017 , кој повторно ќе биде центарот на кајакарската елита.

Заврши ИКАС 2016

logo-amsРепублика Македонија и градот Скопје викендот беа во центарот на кајак спортот. ИКАС од година во година го подига своето реноме и станува се привлечен за се поголем број европски кајакари.
Техничкиот делегат  на ИЦФ Томислав Црнковиќ, со највисоки оценки за организација на европскиот куп во спуст кој изминатиов викенд во организација на кајакарската федерација на Македонија се одржа на Матка.Тоа неофицијало би требало да значи добивање на Европското првенство во спуст за 2017година.    
Повеќе

Официјални резултати

OFFICIAL_RESULTS_FINAL1Недела

Официјални резулати Кајак слалом ИКАС 2016 – Финале

Сабота

Официјални резулати Кајак слалом ИКАС 2016 – Квалификации

Официјални резултати Прво коло од Европски Куп во Спринт

Свечено отварање

Промоторот на ИКАС 20gadonacalnik16 м-р Лазар Поповски на свеченото отварање на кое беше присутен и Градоначалникот на Градот Скопје г-дин Коце Трајановски истакна дека низ негување на спортските вредности на кајакарскиот спорт, преку организација на ИКАС-от, обезбедуваме континуитет во заложбата за воспоставување платформа за остварување на цели кои допираат вредности од национален интерес одразени низ борбата на македонските кајакари за искачување на спортскиот пиедестал