Европско првенство за Сениори

AtanasКајакарската Слалом патека во Липтовски Микулаш веќе се подготвува за почетокот на Европското првенство во кајак слалом што ќе започне денес 12 мај со свеченото отварање. Квалификациските натпревари ќе се одржат во петок 13 мај додека полуфиналните и финалните натпревари ќе бидат во сабота 14 мај. На ова европско првенство се пријавени 230 натпреварувачи од 30 европски земји. Оваа година европското првненство во Липтовски Микулаш има голема важност за сите учесници кој не само што ќе се борат за европска титула туку и за остварување норма за престојните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро,бидејќи ова ЕП претставува квалификации за ОИ.Оние земји меѓу кои и Македонија кој не упспеале да изборат норма за ОИ утре и задутре ќе ја имаат последната шанса.Задачата не е лесна, претставниците од повеќето европски земји кој важат за веле сили во кајак слаломот ќе му бидат конкуренција на нашиот репрезентативец Атанас Николовски кој е единствениот наш претстваник кој избори норма за учевство на ова ЕП.
Атанас Николовски веќе две недели се подготвува на кајакарската патека во Липтовски Микулаш , со неговиот тренер Огнен Бражански , и според неофицијалните стартни листи неговото прво квалификациско возење ќе биде утре во 10:50

СРЕЌНО!