Проект “Сите во кајак”

Site_vo_kajak

Започнува проектот Сите во кајак

Во организација на Кајакарската федерација на Македонија и Кајак клубот Илинден, денес започнува проектот „Сите во кајак“ со кој ќе бидат опфатени сите граѓани на Македонија кои ќе покажат интерес и желба да возат кајак. Проектот кореспондира со Националната стратегија за развој на спортот во Македонија и ќе се спроведува низ цела држава при што ќе биде опфатена популација од најразлични возрасти.

Поддршка на  проектот „Сите во кајак“ даде и четирикратниот македонски олимпиец Лазе Поповски кои ќе биде вклучен во сите активности заедно со останатите тренери вклучени во проектот „Сите во кајак“  – Site_vo_kajak1Атанас Николовски, Стефан Андреев и Дамјан Колевски.

Заинтересираните за учество во овие активности може да се пријават преку апликацијата поставена на следната веб страна  www.sitevokajak.mk.

Учеството за сите е бесплатно.