Ангел Петрушев победник на 52-то издание на ИКАС
Заврши и вториот натпреварувачки ден на 52-риот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021.
Во полуфиналните возења се пласираа 18 натпреварувачи од коишто најдобрите 10 во категоријата К1 мажи се пласираа во финалноте натпревар.
И оваа година како и на 51-рото издание имавме возбудливи полуфинални натпревари кадешто првопласиранн беше Лоранд Гјоши од Италије пред Зисекас Панајотис од Грција и Марко Џорџевич од Србија.
Наш најдобро пласиран натпреварувач во полуфиналните натпревари беше Ангел Петрушев кои заврши на 4 место, а Огнен Бражански беше 6-то пласиран.
Тука започнаа и возбудувањата, во финалното возење на крајот повторно како и на 51 – вото издание од ИКАС на крајот најдобар беше нашиот натпреварувач Ангел Петрушев коишто со фантастично финално возење и време од 93.77 секунди без казнети поени го одбрани првото место освоено во 2019 година. Второ пласиран беше Марко Џорџевич , а трето пласиран беше Лоранд Гјоши.
Огнен Бражански заврши на 5-тото место , пред Стефан Рибарски кои се пласираше на 6-тото место. Душан Мачкич од Босна беше 9-то пласиран , а Зисекас Панајотис кои до 18 капија имаше перфектно возење заврши на 10-тото место.
Резултатите од полуфиналните и финалните возења можете да ги превземете од тука…
Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…
Резултати во живо LiveTiming
Квалификации 52 -ри Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021
Во спортско рекреативниот центар Матка, денеска започна 52-рото издание на традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021. Во квалификационите возење се појавија 25 натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина,Грција и Италија.
Во Категоријата Ц-1 Мажи најдобар беше натпреварувачот од Србија Здравкович Павле. Во категорикјата К-1 Жени најдобро време постигна Мелова Олгица од Македонија , член на Кајак Кану клубот Просек Демир Капија.
Во најбројната категорија К-1 Мажи најдобро време постигна Ѓорѓевиќ Марко од Србија пред Гјоши Лоранд од Италија и Јефтич Милош од Србија. Најодбро пласиран од Македонија е Ангел Петрушев кој го завзема 4-тото место. Во текот на утрешниот ден со почеток од 11 часот се предвиденни Полуфиналните возења, а со почеток во 12.30 часот се предвидени Финалните возења.
Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…
Стартна листа за Полуфиналните возења Недела 23 Мај 2021.
Резултати во живо LiveTiming
52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021
52-то издание на Традиционалниот Меѓународен Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2021 повторно на календарот на Светската кајак федерација ИЦФ. Оваа година натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена и тоа Сабота 22-ри (Квалификации) и Недела 23-ти Мај 2021 година (Полуфинални и финални натпревари).
Покана – Билтен за натпреварот
Извадок од календарот можете да ги најдете на следниот линк
ПРЕДЛОГ – Ранг Листа на рангирани спортски клубови за Ваучер 2021
КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДЛОГ – Листа на рангирани спорстки клубови за Ваучер 2021 |
|||
Реден број | Спортски клуб | ЕДБ на спортскиот клуб | Бодови |
1 | Кајакарски Кану Клуб Арка Борец – Велес | 4021008506665 | 225 |
2 | Кајак Кану Клуб Радика – Дебар | 4008004103187 | 215 |
3 | Кајак Кану Клуб Илинден ’90 – Скопје | 4030991225413 | 195 |
4 | Кајак Кану Клуб Дрим – Струга | 4026996111699 | 150 |
5 | Кајакарски Клуб Вила Зора – Велес | 4004996101703 | 150 |
6 | Кајакарски Кану Клуб Вардар – Велес | 4004997108175 | 145 |
7 | Кајак Кану Клуб Стрмец – Охрид | 4020999123070 | 145 |
8 | Кајакарски Кану Клуб Просек – Демир Kапија | 4047018500923 | 85 |
9 | Кајак Клуб Бабуна – Велес | 4004013510563 | 60 |
10 | Кајак Кану Клуб Гемиџии 903 – Велес | 4004008501866 | 40 |