ИКАС 2021

Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, годинава ќе се оддржи Јубилејниот  52-ри  Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021. Датата за натппреварите е закажана во Сабота  10-ти и Недела 11-ти април 2021. Спортско рекреативниот центар Матка во периодот од 01 Април до 11 Април повторно ќе биде центарот на кајакарската елита. Во периодот од 02-08 Април поголемиот дел од репрезентациите ќе направат и свои тренинг кампови со цел подготовка за претстојното Европско првенство во кајак слалом на диви води за Сениори коешто ќе се оддрќи во периодот од 07-09 Мај 2021 година во Ивреа – Италија.

Со надеж дека во следниот период ќе имам подобрување на состојбата со Ковид 19 со цел настап на повеќе држави учеснички / спортисти на овој најголемн кајакарски спортски настан во нашата дрќава Спортски Ве поздравуваме !