Квалификации 52 -ри Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021

Во спортско рекреативниот  центар Матка, денеска започна 52-рото издание на традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021. Во квалификационите возење се појавија 25 натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина,Грција и Италија.

Во Категоријата Ц-1 Мажи најдобар беше натпреварувачот од Србија Здравкович Павле. Во категорикјата К-1 Жени најдобро време постигна Мелова Олгица од Македонија , член на Кајак Кану клубот Просек Демир Капија.

Во најбројната категорија К-1 Мажи најдобро време постигна Ѓорѓевиќ Марко од Србија пред  Гјоши Лоранд од Италија и Јефтич Милош од Србија.  Најодбро пласиран од Македонија е Ангел Петрушев кој го завзема 4-тото место. Во текот на утрешниот ден со почеток од 11 часот се предвиденни Полуфиналните возења, а со почеток во 12.30 часот се предвидени Финалните возења.

Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…  

Стартна листа за Полуфиналните возења Недела 23 Мај 2021.

Резултати во живо LiveTiming