Ангел Петрушев победник на 52-то издание на ИКАС

Заврши и вториот натпреварувачки ден на 52-риот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021.
Во полуфиналните возења се пласираа 18 натпреварувачи од коишто најдобрите 10 во категоријата К1 мажи се пласираа во финалноте натпревар.
И оваа година како и на 51-рото издание имавме возбудливи полуфинални натпревари кадешто првопласиранн беше Лоранд Гјоши од Италије пред Зисекас Панајотис од Грција и Марко Џорџевич од Србија.
Наш најдобро пласиран натпреварувач во полуфиналните натпревари беше Ангел Петрушев кои заврши на 4 место, а Огнен Бражански беше 6-то пласиран.
Тука започнаа и возбудувањата, во финалното возење на крајот повторно како и на 51 – вото издание од ИКАС на крајот најдобар беше нашиот натпреварувач Ангел Петрушев коишто со фантастично финално возење и време од 93.77 секунди без казнети поени го одбрани првото место освоено во 2019 година. Второ пласиран беше Марко Џорџевич , а трето пласиран беше Лоранд Гјоши.
Огнен Бражански заврши на 5-тото место , пред Стефан Рибарски кои се пласираше на 6-тото место. Душан Мачкич од Босна беше 9-то пласиран , а Зисекас Панајотис кои до 18 капија имаше перфектно возење заврши на 10-тото место.

Резултатите од полуфиналните и финалните возења можете да ги превземете од тука…

Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…  

Резултати во живо LiveTiming