Category Archives: Вести

52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021

52 ILINDENSKI KAYAK SLALOM "IKAS 2020"52-то издание на Традиционалниот Меѓународен Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2021 повторно на календарот на Светската кајак федерација ИЦФ. Оваа година натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена и тоа Сабота 10-ти (Квалификации) и Недела 11-ти Април 2021 година (Полуфинални и финални натпревари).

Покана / Програма за натпреварот

Пријава за 52 ИКАС

Извадок од календарот можете да ги  најдете на следниот линк

https://www.canoeicf.com

ПРЕДЛОГ – Ранг Листа на рангирани спортски клубови за Ваучер 2021

        КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ – Листа на рангирани спорстки клубови за Ваучер 2021
Реден број Спортски клуб ЕДБ на спортскиот клуб Бодови
1 Кајакарски Кану Клуб Арка Борец – Велес 4021008506665 225
2 Кајак Кану Клуб Радика – Дебар 4008004103187 215
3 Кајак Кану Клуб Илинден ’90 – Скопје 4030991225413 195
4 Кајак Кану Клуб Дрим – Струга 4026996111699 150
5 Кајакарски Клуб Вила Зора – Велес 4004996101703 150
6 Кајакарски Кану Клуб Вардар – Велес 4004997108175 145
7 Кајак Кану Клуб Стрмец – Охрид 4020999123070 145
8 Кајакарски Кану Клуб Просек – Демир Kапија 4047018500923 85
9 Кајак Клуб Бабуна – Велес 4004013510563 60
10 Кајак Кану Клуб Гемиџии 903 – Велес 4004008501866 40

ПРЕДЛОГ – Ранг Листа на рангирани активни спортисти за Ваучер 2021

        КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ – Листа на рангирани активни спортисти за Ваучер 2021
Реден број Активен спортист ЕМБГ на активниот спортист Бодови
1 Љубомир Спасиќ   80
2 Александар Златаров   80
3 Ангел Петрушев   80
4 Енис Небиовски   75
5 Владимир Малески   65
6 Никола Малески   65
7 Огнен Бражански   65
8 Константин Дејкоски   30
9 Дона Маркоски   26
10 Атанасиј Аслимоски   26
11 Виктор Маркоски   26
12 Мартин Левески   26
13 Борче Мирчевски   23
14 Христијан Игнатов   23
15 Михаела Бабче   21
16 Алексеј Чакарески   20
17 Андрес Мануел Реад Петкоски   20
18 Марко Ложанкоски   20
19 Петар Чакарески   20
20 Софија Будоска   16

Протокол за организација на Спортски натпревари во кајак на диви и мирни води

Протокол за организација на Спортски натпревари во
кајак на диви води (дисциплина слалом и дисциплина спуст) и спринт мирна вода

Превземи протокол

Одложено: 52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2020

                                                                 Почитувани,
Во името на Кајакарската Федерација на Македонија како одговорни за техничката организација на 1то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт коешто беше планиарно да се оддржи во првата недела на Април (04 – 05 Април), заедно со Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” , би сакале да Ве информираме за следново:
– Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид-19 (Corona) вирусот во светот, на 18.03.2020, Претседателот на Република Македонија прогласи вонредна состојба на целата територија на Република Македонија.

Кајакарската Федерација на Македонија како одговорна Федерација во целиот изминат период ги следеше препораките од сите државни институции поврзани со состојбата во државата , и по донесувањето на Одлуката за воведување на вонредна состојба во нашата држава превзема чекори за одложување на планираните натпревари. Од страна на Федерацијата контактирани се Европската и Светската Кајак Федерација при што споделена е моменталната состојба во нашата држава.Воедно споделена е информацијата дека како организатори сме спремни предвидените натпревари доколку постојат реални услови да бидат оддржани во месец Септември и тоа со следниот распоред:

Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” потврдена и прифатена е дата на 19-20 Септември 2020.

1-то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт / предложена е датата 18 Септември 2020 година , а во сорабoтката со Европската Кајак Асоцијација датата за оддржување ќе биде потврдена дополнително по ревидирањето на комплетниот Европски календар во спуст-спринт За што дополнително ќе споделиме информации до Вас.

Во името на Кајакарската Федерација на Македонија, Ви посочуваме да ги следите превземените мерки од нашата Влада , со цел спортот побрзо да се врати на спортските терени. 

#BESAFE #STAYHOME