Category Archives: Илинденски кајак слалом

Ангел Петрушев победник на 52-то издание на ИКАС

Заврши и вториот натпреварувачки ден на 52-риот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021.
Во полуфиналните возења се пласираа 18 натпреварувачи од коишто најдобрите 10 во категоријата К1 мажи се пласираа во финалноте натпревар.
И оваа година како и на 51-рото издание имавме возбудливи полуфинални натпревари кадешто првопласиранн беше Лоранд Гјоши од Италије пред Зисекас Панајотис од Грција и Марко Џорџевич од Србија.
Наш најдобро пласиран натпреварувач во полуфиналните натпревари беше Ангел Петрушев кои заврши на 4 место, а Огнен Бражански беше 6-то пласиран.
Тука започнаа и возбудувањата, во финалното возење на крајот повторно како и на 51 – вото издание од ИКАС на крајот најдобар беше нашиот натпреварувач Ангел Петрушев коишто со фантастично финално возење и време од 93.77 секунди без казнети поени го одбрани првото место освоено во 2019 година. Второ пласиран беше Марко Џорџевич , а трето пласиран беше Лоранд Гјоши.
Огнен Бражански заврши на 5-тото место , пред Стефан Рибарски кои се пласираше на 6-тото место. Душан Мачкич од Босна беше 9-то пласиран , а Зисекас Панајотис кои до 18 капија имаше перфектно возење заврши на 10-тото место.

Резултатите од полуфиналните и финалните возења можете да ги превземете од тука…

Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…  

Резултати во живо LiveTiming

Квалификации 52 -ри Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021

Во спортско рекреативниот  центар Матка, денеска започна 52-рото издание на традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021. Во квалификационите возење се појавија 25 натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина,Грција и Италија.

Во Категоријата Ц-1 Мажи најдобар беше натпреварувачот од Србија Здравкович Павле. Во категорикјата К-1 Жени најдобро време постигна Мелова Олгица од Македонија , член на Кајак Кану клубот Просек Демир Капија.

Во најбројната категорија К-1 Мажи најдобро време постигна Ѓорѓевиќ Марко од Србија пред  Гјоши Лоранд од Италија и Јефтич Милош од Србија.  Најодбро пласиран од Македонија е Ангел Петрушев кој го завзема 4-тото место. Во текот на утрешниот ден со почеток од 11 часот се предвиденни Полуфиналните возења, а со почеток во 12.30 часот се предвидени Финалните возења.

Резултатите од Квалификационите возења можете да ги превземете тука…  

Стартна листа за Полуфиналните возења Недела 23 Мај 2021.

Резултати во живо LiveTiming

 

52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021

52 ILINDENSKI KAYAK SLALOM "IKAS 2020"52-то издание на Традиционалниот Меѓународен Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2021 повторно на календарот на Светската кајак федерација ИЦФ. Оваа година натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена и тоа Сабота 22-ри (Квалификации) и Недела 23-ти Мај 2021 година (Полуфинални и финални натпревари).

Програма за натпреварот

Покана – Билтен за натпреварот

Пријава за 52 ИКАС

Извадок од календарот можете да ги  најдете на следниот линк

https://www.canoeicf.com

Одложено: 52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2020

                                                                 Почитувани,
Во името на Кајакарската Федерација на Македонија како одговорни за техничката организација на 1то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт коешто беше планиарно да се оддржи во првата недела на Април (04 – 05 Април), заедно со Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” , би сакале да Ве информираме за следново:
– Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид-19 (Corona) вирусот во светот, на 18.03.2020, Претседателот на Република Македонија прогласи вонредна состојба на целата територија на Република Македонија.

Кајакарската Федерација на Македонија како одговорна Федерација во целиот изминат период ги следеше препораките од сите државни институции поврзани со состојбата во државата , и по донесувањето на Одлуката за воведување на вонредна состојба во нашата држава превзема чекори за одложување на планираните натпревари. Од страна на Федерацијата контактирани се Европската и Светската Кајак Федерација при што споделена е моменталната состојба во нашата држава.Воедно споделена е информацијата дека како организатори сме спремни предвидените натпревари доколку постојат реални услови да бидат оддржани во месец Септември и тоа со следниот распоред:

Традиционалниот 52ри Меѓународен Илинденски Кајак слалом “ИКАС 2020” потврдена и прифатена е дата на 19-20 Септември 2020.

1-то коло од Европскиот Куп во спуст-спринт / предложена е датата 18 Септември 2020 година , а во сорабoтката со Европската Кајак Асоцијација датата за оддржување ќе биде потврдена дополнително по ревидирањето на комплетниот Европски календар во спуст-спринт За што дополнително ќе споделиме информации до Вас.

Во името на Кајакарската Федерација на Македонија, Ви посочуваме да ги следите превземените мерки од нашата Влада , со цел спортот побрзо да се врати на спортските терени. 

#BESAFE #STAYHOME

52 Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2020

52 ILINDENSKI KAYAK SLALOM "IKAS 2020"52то издание на Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2020 повторно на календарот на Светската кајак федерација ИЦФ. Воедно за време на одржување на Илинденскиот кајак слалом ќе се одржи и 2рото коло од Европскиот Куп во Спуст/спринт кој е под покровителство на Кајакарската федерација на Македонија и Европската кајак асоцијација. Натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена на 04 – 05 април 2020 година.

Покана / Програма за натпреварот

Пријава за 52 ИКАС

Пријава за 2 коло Спуст

Извадок од календарот можете да ги  најдете на следниот линк

https://www.canoeicf.com