Category Archives: Илинденски кајак слалом
ИКАС 2019
Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, во текот на овие два дена се одржува 51-вото издание на Меѓународниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2019.
Во квалификационите возења кои беа на програмата денес доминираа нашите натпреварувачи Борче Мирчевски кои го завзема првото место и Ангелче Петрушевски кои го завзема второто место во категоријата К1 мажи.
Воедно во текот на денешниот ден се оддржа и првото коло од ЕКА купот во спринт на коешто најдобро пласирани беа натпреварувачите од Србија. Нашиот најдобар натпреварувач Љубомир Спасиќ го завзема 6-тото место со заостаток од 0.61 стотинка зад првопласираниот Биљич Сретен во категоријата К1 мажи.
Во текот на утрешниот ден ќе се оддржат полуфиналните возења со почеток во 11.30 часот , а финалните возења се закажани за 13.00 часот.
Комплетните резултати од натпреварите можете да ги најдете на следниот линк >>.
Стартна листа за полуфинални натпревари
ИКАС 2019
Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, годинава ќе се оддржи Јубилејниот 51-ви Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС. Датата за натппреварите е закажана во Сабота 6-ти и Недела 7-ми април 2019.Спортско рекреативниот центар Матка во периодот од 01 Април до 08 Април повторно ќе биде центарот на кајакарската елита. Во склоп на оваа манифестација како и во изминативе 5 години исто така и годинава е предвиден камп за талентирани млади спортисти кој ќе започне 10 тина дена непосредно пред самиот натпревар.
Воедно на наше големо задоволство би сакале да информираме дека во овие два дена покрај овој Јубилејен 51-ви ИКАС , Европската кајакарска Асоцијација ги препозна напорите и желбата за организација на големи натпревари па донесе одлука и оваа година во овој термин заедно со слалом натпреварот се одржи првото коло од Европскиот куп во Спуст ( дисциплина спринт).
ИКАС 2018
Во спортско рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, годинава ќе се оддржи Јубилејниот 50-ти Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС. Датата за натппреварите е закажана во Сабота 7-ми и Недела 8-ми април 2018.Спортско рекреативниот центар Матка во периодот од 01 Април до 08 Април повторно ќе биде центарот на кајакарската елита. Во склоп на оваа манифестација како и во изминативе 4 години исто така и годинава е предвиден 10 дневен камп за талентирани млади спортисти кој ќе започне 10 тина дена непосредно пред самиот натпревар.
Воедно на наше големо задоволство би сакале да информираме дека во овие два дена покрај овој Јубилејен 50-ти ИКАС , Европската кајакарска Асоцијација ги препозна напорите и желбата за организација на големи натпревари па донесе одлука и оваа година во овој термин заедно со слалом натпреварот се одржи првото коло од Европскиот куп во Спуст ( дисциплина спринт).